(ВИДЕО) Сугарески: Од понеделникот Република Македонија влезе во диктатура

Од:

„Седум години СДСМ зборуваше дека во оваа држава е инсталиран режим, за да во Понеделникот Република Македонија влезе во диктатура. Пред само два дена на најбрутален можен начин власта демонстрираше сила, тргна да го тепа сопствениот народ, тргна да ги тепа новинарите, тргна да ги тепа легитимно избраните пратеници на последните парламентарни избори“, рече пратеникот Сугарески.

И на Брисел и Вашингтон, рече, од Понеделникот наваму им е повеќе од јасно дека во оваа држава демократијата е мртва.

„Јас ги повикувам сите граѓани не само на Прилеп туку и на цела Македонија, да излегуваат на сите протести кои што ќе бидат организирани од страна на опозицијата, бидејќи ова ќе премине во движење, ова е голем граѓански отпор кој што ќе се случува во наредните денови, вклучително до Сабота, кога сите граѓани одиме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он