(ВИДЕО) Сугарески: Бараме измени на Законот за помилување, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ мора да одговараат

Од:

Пратеничката група на СДСМ денеска ќе поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за помилување.

Со овој Предлог-закон, како што истакна координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски, се пополнува правната празнина која ја создаде Уставниот суд и се предвидуваат правила кои ќе ги обесхрабрат сите потенцијални сторители на кривични дела.

„Срамната одлука на Уставниот суд воедно е и признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ. За да го спасат Груевски и фамилијата, партиските послушници од Уставниот суд на Иванов, му дадоа можност да помилува за изборни измами, тероризам, дрога и педофилија, што е директен удар врз уставниот поредок на Република Македонија.

– Криминална банда на ВМРО-ДПМНЕ не може да се спаси од одговорноста за целокупниот криминал со којшто не само што ги краделе парите на граѓаните, го краделе и гласот на граѓаните. Тоа треба да им биде јасно на сите. Секој што го прекрши законот ќе одговара“, рече Сугарески.

Според Сугарески, со ова дополнување на Законот за помилување ќе се оневозможи едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.

Пратеничката група на СДСМ очекува поддршка од колегите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за овој закон, а, според Сугаревски, секоја спротивна одлука ќе биде нивно директно признавање на криминалите на власта.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пак, СДСМ пред неколку месеци доставила предлог измени на истиот тој закон за помилување со слични барања за кој сега се противи.

– Имаше конкретен закон со кој што ќе се амнестираа такви лица за којшто денеска поднесуваат предлог закон за да се измени, рече Димовски

Тој кажа дека за неколку дена, откако ќе го разгледаат Предлог-законот, ќе се произнесат со став.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски