(ВИДЕО) Студентски пленум: Окупацијата продолжува до носење нов закон

Од:

Студентскиот пленум ќе продолжи да ги окупира факултетите се додека не се започне со изработка на комплетно нов закон за високо образование.

Остануваат на ставот дека екстерно тестирање на факултетите не смее да има.

На вчерашната средба во ректорат каде присуствувале вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за образование Абдилаќим Адеми преставниците на студентскиот и професорскиот пленум не биле убедени дека владата е подготвена за изработка на целосно нов закон за високо образование.

На пет часовната средба не се одлучило ништо конкретно туку било договорено да има следна средба и рок од 30 дена за да се изработи анализа за тоа како ќе се почне со изработка на нов закон.

„Ќе окупираме сè додека не добиеме потврда дека ќе се пишува нов текст за закон за високо образование, па оваа енергија од тука да ја пренасочиме кон пишување на квалитетен нов закон кој ќе гарантира квалитетно образование“, изјавија од Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти