(ВИДЕО) Студентски Пленум: Не сакаме влада од убијци и крадци

Од:

Претставникот на Студентскиот пленум ја започна програмата на денешниот собир на Граѓаните за Mакедонија. Тој рече:

– Студентите се тие што го означија почетокот на крајот на оваа влада.

Студентите никогаш нема да бидат робови ниту гладијатори. Ние немаме шипки и гумени куршуми. Ние имаме книги и цвеќиња. Тоа се нашите оружја. Ние сакавме институции, кои ќе ја спроведат правдата за сите. Сакавме иднина за сите, но не го добивме тоа. Добивме партизирани институции и држава во која нашите колеги и роднини ги испраќаме на аеродром со билет во еден правец.

Вака ли господа политичари ја замислувате државата, како држава од која си одат младите, како држава на родители кои си ги испраќаат децата. Мислевте дека имате монопол на патриотизмот и со тие ги зацрнивте сите вредност. Јас имам 22 години и мојата генерација е осакатена од перманентна транзиција, но мојата генерација никогаш нема да дозволи нова војна, мојата генерација верува во заедништво, слобода, демократија.

Студентите не се за продажба, не можете да не’ купите со таблети или 10 отсто повисока стипендија. Ние бараме квалитетно образование, еднаква правда за сите. Бараме од вас граѓаните да ги поддржите овие барање за демократија, за да не се повтори средношколци и студенти да ве учат вас што значи демократија. Никогаш повќе влада од убијци и крадци, рече претставникот на Студентски пленум

Своето обраќање го заврши со зборовите: „Да не ги заборававиме студентите кои се во притвор.“

Би можело да ве интересира

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење