(ВИДЕО) Студентски пленум: Не и веруваме на Владата

Од:

Одложувањето на законот за високо образование кое предвидува екстерно тестирање не е решение на проблмеот. Студентскиот пленум останува на ставот дека законот мора да се повлече.

Предлагаат преставници на Студентски пленум да бидат вклучени во изработка на целосно нов закон.

За денеска најавија дека имаат средба во ректоратот со преставници на владата.

Пленумци посочија дека не ги плаши воопшто најновата акција на владеачката партија која од членството бара индекси за да ги преброи дали се повеќе од Студентски пленум. Порачаа дека е добро да се има и спротивно мислење диригирано дури и на таков начин.

„Ние четири месеци протестираме за да се слушне нашиот глас. Законските измени на насилен начин беа донесени и дури потоа беше започнат дијалог со владата. Токму затоа ни не сме сигурни во подготвеноста на владата да се држи до своите барања или грубо кажано не и веруваме и затоа преку окупација вршиме притисок да се држат до договореното“, изјавија од студентскиот пленум.

Освен студенти на средбата во ректорат ќе бидат присутни и преставници на професорскиот пленум.

„Очекуваме на оваа средба да ни биде исполнет договорот со владата. Ветено ни беше изработка на целосно нов закон. Ние не се согласуваме со измени и дополнувања и бараме комплетно нов закон“, изјавија од Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот