(ВИДЕО) Студентски пленум: Нашето оружје се зборовите, аргументите, Уставот и чистата мисла!

Од:

Денеска во 14 часот пред Влада на Р.М., Студентски пленум организира протест против решенијата во новиот Закон за високо образование, кој пратениците ќе го гласаат во понеделник.

Тие ги повикуваат сите граѓани, студентите, учениците, професорите, невладините организации да им дадат поддршка, бидејќи велат, сакаат корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата.

„Ќе не гледате и слушате додека не ги добиеме. Но ние не сме насилници. Студентите овој пат ја имаат вистината и тоа е она што не прави нас автентични. Токму затоа ве повикуваме сите студенти и наши поддржувачи да го зачуваме редот и мирот на денешниот протест. Зашто ние сме многу повеќе од она за кое нè сметаат. Нашето оружје се зборовите, аргументите, уставот и чистата мисла!Доколку забележите недолично однесување пријавете кај редарите (обележани со црвена трака) или до најблискиот полицаецПонесете си устави (би требало да ги има во секоја книжарница и имаат симболична цена) ќе има еден мал перформанс на протестот“, велат од Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот