ВИДЕО: Струмичките училишта подготвени за новата учебна година

Од:

Основните и средните училишта во општина Струмица се комплетно подготвени за почетокот на новата 2014/2015  година, ова денеска го потврди претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на прес конференцијата што се одржа во општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во населеното место Дабиле.

– За два дена почнува новата учебна година. Сакаме да ја информираме јавноста, посебно родителите, иако тоа и досега континуирано го правевме за време на летниот распуст, дека сите основни и средни училишта во општина Струмица се комплетно подготвени за изведување на воспитно – образовниот процес.

ucilisteStrumica0s (1)

– Сите 13 основни и 3 средни училишта, летниот распуст го искористија за  материјално – техничко и организациско подготвување, согласно сопствените планови, но и реализирајќи ги препораките од надлежните институции.

ucilisteStrumica0s (2)

– Покрај вообичаените редовни активности, како што се, варосување, бојадисување и обновување на инвентарот, во одредени училишта се изведени и покрупни зафати кои ќе обезбедат подобри услови за изведување на наставниот процес. Сакам да нагласам дека во сите училишните објекти се извршени дезинфекција, дезинсекција и дератизација, според препораките на државните стручни служби.

ucilisteStrumica0s (3)

Новата учебна 2014/2015 година во општина Струмица ќе ја почнат вкупно 8.109 ученици, од кои 4.479 во основното и 3.630 во средното образование.

ucilisteStrumica0s (4) ucilisteStrumica0s (5) ucilisteStrumica0s (6) ucilisteStrumica0s (7) ucilisteStrumica0s (9) ucilisteStrumica0s (10)

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите