ВИДЕО: Струмица го празнува денот на ослободувањето

Од:

Општина Струмица денеска го одбележа денот на ослободувањето 11 септември. Претставници на локалната власт, на борците и политичките партии положија свежо цвеќе пред споменикот на револуцијата во големиот градски парк, а за значењето на празникот зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

– Овој наш град како мета на бројните асимилатори, окупатори, поробувачи и тирани бил мноштво пати поробуван, пљачкосуван, пален и уриван, но секогаш како феникс изникнувал повторно од пепелта, за да биде гнездо, за да биде закрила, за да биде дом на сите возљубени луѓе во својата родна грутка, во своето родно и топло огниште. И не е важно дали овој град се вика Астраион, Тивериопол или Струмица, важно е што неговите граѓани неизмерно го сакале па го чувале, граделе и надградувале, градејќи го најпрвин во сопствените срца а потоа и на ова парче земја на кое живееме и опстојуваме.

11_septemvri1

– Во таа љубов на струмичани кон својата Струмица е вгнездена и почитта кон бројните датуми кои сведочат за непокорот, отпорот кон туѓиот поробувач и борбата за подобро утре. Еден од тие датуми е токму 11 Септември, ден кој секоја година го славиме како триумф на слободарската мечта, како ден на ослободувањето на Струмица, рече меѓу другото градоначалникот Заев Во чест на празникот, членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ кажуваа револуционерна поезија, а во алејата на младите во градскиот парк беше засадено дрвце на другарувањето.

11_septemvri2
Колаж од фотографии за Заев од младите социјалдемократи.

По повод Денот на ослободувањето на Струмица вечерва во изложбениот салон на  центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложбата на дела од годинашната меѓународна ликовна колонија.

11_septemvri6

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски