ВИДЕО: Струмица доби уште едно прекрасно катче

Од:

Малиот градски парк во Струмица доби комплетно нов лик, кој одлично се вклопува во спецификите на централното урбано јадро со автентичната архитектура на општинската зграда и дел од околните објекти.

gradski=park-str2

Новото партерно уредување со возобновени патеки, прекрасните влезни  порти, новите канделабри, клупи и друга урбана опрема, новото хортикултурно уредување, реконструираниот споменик на паднатите борци на НОВ, донираното црквиче како своевидна макета на новиот соборен храм во изградба и сите други придружни елементи ја комплетираат новата слика на ова  катче за одмор и релаксација.

gradski=park-str

Со реконструкцијата, малиот градски парк ја доби заслужената физиономија и со сите свои функционални содржини и естетски вредности по мерка на граѓаните,  му парира на големиот градски парк.

gradski=park-str1

Убави доживувања, дружби и седенки во новиот лик на малиот градски парк, на граѓаните им посака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

– Најважно од се е тоа дека е заокружен уште еден значаен проект во Струмица, реализирано уште едно ветување и одговорено позитивно на барањето и потребите на граѓаните. Треба да се знае дека реконструираниот мал градски парк е плод на заедничкиот ангажман на ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица.

– Се разбира, како и досега така и овој пат отчетот пред граѓаните не смее да изостане. Тие заслужуваат да знаат дека за реконструкцијата се потрошени вкупно 2.800 000 денари од кои 2.000 000 обезбеди „Комуналец“ а 800 000 денари  се наменски средства од буџетот на општина Струмица.

– Малиот градски парк од денес свртува нова страница во своето долгогодишно постоење. Новиот лик му дава нов живот и нова можност за опстојување низ времето. Како и досега, така и од денес па натаму, овој парк ќе биде толку радосен колку што ќе бидат радосни луѓето кои ќе уживаат во него. Убеден сум дека паркот и граѓаните, на взаемно задоволство, ќе продолжат да го испишуваат убавиот споменар од своето заедничко живеење, рече градоначалникот Заев.

Градоначалникот Заев и неговите соработници засадија и дрво во паркот што на општината и го подарија учениците од СОУ „Јане Сандански“ кои на државно ниво изработија  најдобар ученички бизнис план.

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски