„Заокружете број 13!
Заедно да продолжиме напред!
Кон реализација на нови проекти, за нови дела, за посилна Преспа!
Гласајте за посилна Преспа: заради 27-те километри нови локални патишта и улици; заради 29-те нови магистрални и регионални патишта во Преспа!
Заради новиот водоводен систем во Ресен!
Заради најсовременото и енергетски ефикасно улично осветлување во Општина Ресен, заради речиси сите канделабриски осветлени сообраќајни јазли во Преспа!
Гласајте за број 13, заради новите водоводни и канализациони системи низ Преспа;
Заради новите плажи и пешачко-велосипедски патеки покрај брегот на Преспанското езеро; заради 13-те детски рекреативно-забавни паркови;
Заради новиот Откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона Макази;
Заради реконструираните училишни простории и заради новиот блок во Детската градинка во Ресен;
Заради станбената зграда за лица со низок социјален статус но, и заради лидерското место на Општина Ресен во активностите во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој на Преспанското езеро;
Заради Мониторинг-центарот и лабораторијата во Стење, заради драстичното подобрување на квалитетот на водата во езерото;
Заради монументалниот Спомен-Музеј на Татарчеви;
Заради новото тениско и повеќенаменско игралиште, заради новата фитнес зона во Излетничко-спортско-рекреативниот комплекс Починалиште;
Гласајте за број 13 и за ренесансата на преспанскиот културен живот: за Актерот на Европа, за Преспанскиот Јаболкобер, за Преспа урбан фест.
Гласајте за број 13 за над 180-те реализирани проекти во изминативе 4 години.
Почитувани Преспанчани,
Убеден сум дека на 15-ти Октомври ќе гласате и за уште толку проекти предвидени во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ за периодот од 2017-2021 година, за НОВАТА ЕРА ЗА РЕСЕН:
За довршувањето на втората фаза од изградбата на градскиот водоводен систем;
За изградбата на новите системи за изведување на фекалните отпадни води во Општина Ресен;
За изградбата на новата спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен;
За изградбата на уште 10-тина рекреативни детски забавни паркови во Преспа;
За доизградба на уличното осветлување на уште неколкуте сообраќајни јазли;
За продолжување на изградбата на нови плажи на брегот на Преспанското езеро;
За изнаоѓањето инвеститори за изградба на нови Откупно-дистрибутивни центри за јаболка;
За изнаоѓањето на приватни инвеститори за реставрација на запуштените туристички капацитети крај брегот на Преспанстото езеро;
За изградбата на новата Заобиколница околу Ресен;
За промоција на Ресен во град на културата;
За изградба и реконструкција на нови 20-тина километри нови локални патишта и улици во Преспа;
За уредувањето на новите тротоарски површини, но и за изградбата на нови паркинг површини во градот.
Гласајте за број 13 и заради многутте останати проекти, имплементирани во новата програма, во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ, на Преспа и на Република Македонија.
Вашиот глас ќе биде потврда дека она што секогаш го ветуваме, тоа и го остваруваме“, изјави Ѓоко Стрезовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Ресен.