(ВИДЕО) Столтенберг: Покана за членство по финализирање на договорот

Од:

НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји.

Ова го порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во интервју за МИА, одговарајќи на прашањето да ја појасни процедурата за тоа како Македонија на самитот во јули ќе добие покана, откако договорот за името е постигнат.

– До самитот на НАТО ќе се обидеме да најдеме начин да покажеме дека се уште стоиме на таа одлука, оти ја препознаеме важноста на договорот. Истовремено сега е важно договорот да се финализира во Скопје и во Атина. Договорот е сеопфатен и во себе ги содржи сите фази на различните одлуки, ратификациите, референдумот, истакна Столтенберг.

Во интервјуто за МИА тој изрази надеж дека сето тоа ќе се случи што е можно побрзо, со што на Алијансата ќе и се отвори патот таа да го стори својот дел.

Договорот меѓу Македонија и Грција го оцени како историски и од голема важност за двете земји, но и за цела Европа.

Истакна дека синоќа разговарал со премирите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас и оти им честитал за договореното и за напорите што ги вложиле во овој, како што рече многу тежок процес.

Во врска со политичките случувања во двете земји, откако претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ изразија несогласување со договорот, а истото се случи и со грчката опозиција, Столтенберг вели дека тоа се демократски земји и оти целиот процес зависи од нивните демократски институции.

Апелираше до двете земји да го решат ова прашање и да го искористат овој историски договор.

– Одлуката на НАТО е јасна, решение за спорот па доставување покана, но за да го направиме тоа конкретно и да го забрзаме процесот мора да бидеме сигурни договорот е финализиран, дека е ратификуван. Ова е историски договор, историски момент, важен за сите луѓе вклучени во него и за цела Европа, бидејќи со него се решава ова тешко прашање, кое беше проблем со децении, нагласи Столтенберг во интервјуто за МИА.

Фото/Видео: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД