(ВИДЕО) Стојковски: Одложени се сите спорни одредби од законот за високо образование

Од:

Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски е задоволен од денешната средба кај премиерот и решението спорните законски одредби во законот за високо образование да бидат одложени на една односно две години.

-Беше прифатен предлогот тие одредби кои се дискутрабилни, кои наметнуваат многу прашања да се стават во мирување, односно да имаат одложена примена. Во меѓувреме ќе се пристапи кон сеопфатна анализа од што ќе произлезат нови предлози за подобрување на овој закон, во зависност колку ќе бидат прифатени измените. Во краен случај треба да се напише добар текст, кој ќе биде прифатлив за сите, и кој ќе биде квалитетен, добар за имплементација и компатибилен со европските криетеиуми, рече Стојковски.

Со договорот во кабинетот на Груевски, се одлагаат одредбите за државен испит, за избори во звања, одредбите за нови наставни програми, одредбите за импелемантација на новиот систем од 300 на 360 кредити, се она што беше предмет на расправи и предмет на новите измени. Државниот испит е одложен на една година, за две години се одложени сите други одредби.

-Во тој рок ќе имаме простор да ги дефинираме работите и да видиме дали тоа е тоа што треба да функционира на тој предложен начин или ќе се бара друго решение, рече ректорот на УКИМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите