(ВИДЕО) Стојчески: Знаат дека доградбата е нелегална, затоа сами ја уриваат

Од:

Владимир Панчевски и другите инвеститори почнаа сами да ја отстрануваат спорната доградба на објектот, што е доброволно извршување по нашето донесено решение, рече раководителот на Сектор за инспекциски служби – Општина Центар, Кочо Стојчески.

– Никој инвеститор, ако е убеден во тоа што го наведува во жалбата, нема да го прави ова што во моментот го прави. Тие знаат дека градбата е нелегална, затоа сами го уриваат објектот, ние не се сомневаме во донесеното решение и затоа можеме спокојно да спиеме, рече Стојчески.

Тој истакна дека никој не ги известил за рушењето, а дознале откако инспекторката се појавила на лице место и увидела дека тоа се случува.

– Ние ќе пристапевме кон уривање доколку не започнеа сами да го прават тоа, нагласи Стојчески.

Откако утрово градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски потпиша договор со фирмата која требаше да постапи по решението на Општината, инвеститорите на објектот, меѓу кои е и претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски самоволно почнаа со уривање на дивоградбата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата