(ВИДЕО) Стојановски: Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата

Од:

„Денеска сме во Волково да одбележиме година и половина од владеењето на Александар Наумоски. За само година и половина СДС успеа да ја врати општината Ѓорче Петров во 19 век.

Во оваа година и половина наместо да го добиеме ветениот живот и ветените проекти добивме змијарници, кал, неасфалтирани улици и канцероген воздух“, рече Бојан Стојановски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата и низа други скандали.

Го повикуваме Наумоски наместо да размислува во која локална кафана да го помине утрешниот ден да започне да ги реализира ветените проекти за кои жителите на Ѓорче Петров го дадоа својот глас.

Волково се уште чека изградба на градинка или адаптација на објектот на поштата во детска градинка во Волково, кружен тек сред село, изградба на помали спортски и детски игралишта, проширување, надградба на уште еден кат на културниот дом, реконструкција на сите раскопани улици и асфалтирање на неасфалтираните улици, реконструкција на тротоарите и изградба на нови на веќе постојните улици, реализација на канализационата мрежа, проширување на патот од Волково до Кучково, трасирање на ридскопланинска велосипедска моунтинбајк патека, модернизација и реконструкција на уличното осветлување.

Го повикуваме Наумоски наместо да ја потценува меморијата на жителите на Волковчани да започне со реализација на ветените проекти.

Воедно го замолуваме да престане да ги опструира проектите започнати од ВМРО – ДПМНЕ и да ги реализира 33-те улици и да ја доврши канализационата мрежа во Волково, проекти за кои се обезбедени средства уште во 2016 година, од тогашниот министер за транспорт Владо Мисајловски.

Наумоски, време е за крај“, изјави Бојан Стојановски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски