(ВИДЕО) Стојаноски: Градоначалникот на Ѓорче парковите ги претвора во згради за лична корист

Од:

„Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината. На удар е и единствениот парк во Ѓорче. Ова се фотографии од кои може да се види дека зграда ќе се гради во сред парк, а за таа цел ќе бидат пресечени и неколку дрва.

Наумоски даде дозвола за да се гради станбената зграда и деловни објекти и покрај противењето на жителите. Наумоски тврдеше дека не издал маркица за градба и дека од паркот нема да се одземе ниту милиметар, а ситуацијата е сосема друга, не милиметар, одземени се десетици метри“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај јавната површина која до сега беше парк, планирано е да се гради и на дел од приватен имот, каде сопствен имот има и таткото на Наумоски – Бранко. Ова е извадокот од имотен лист, кој беше објавен во медиумите, од кој се гледа, дека Бранко Наумоски е сопственик на идеален дел од 1/2 на земјиште од 31м2.

Дали зеленилото треба да бидат жртва за парите на Наумоски? Дали уништувањето на паркот и зеленилото е заради остварување материјална корист за Наумоски и неговата фамилија? Колкав е надоместот кој ќе го земе Наумоски за неговиот имот врз кој ќе се гради?

Дека на Наумоски му е поважен бизнис интересот на поединци и личната материјална корист гледаме и по детското игралиште на само неколку метри од местото каде ќе се гради зграда, кое подолг период чека на реконструкција, додека власта е насочена на уништување на паркот.

Ѓорче не гласаше за урбана мафија. Ѓорче сака работа и посветеност.

Со промена на власта ќе има одговорност за овие криминали и сите кои ги прекршиле закони за да прибават лична корист ќе одговараат“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски