(ВИДЕО) Стојаноски: Дали Наумоски усвои иницијатива за нов ДУП за да прибави лична корист?

Од:

„Во иницијативата за изработка на нов Детален Урбанистички План во реонот на единствениот парк во општина Ѓорче Петров покрај висококатницата која ќе никне, градоначалникот Александар Наумоски предвидел и деловни објекти од кои еден таков објект ќе се најде на имот во негова сопственост“, рече Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

„Го повикуваме Наумоски да одговори дали свесно за да прибави лична корист, ја усвои ова иницијатива за овој план со цел на неговиот имот да може да подигне деловен објект и од истиот да оствари лична материјална корист?

Ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на овој процес со цел лично богатење.

Повеќе од две години Александар Наумоски и локалната самоуправа предводена од СДСМ ја имаат киднапирано општината со цел стекнување на лична материјална корист, нема развојни урбанистички планови кои ги решаваат проблемите на граѓаните, нема проекти и мерки за подобрување на квалитетот на животот на Ѓорчепетровчани, ниту еден од ветените проекти не е реализиран, а сведоци сме на расипничкото трошење по кафеани, партиски вработувања, нови луксузни автомобили и покачување на сопствените плати.

Нашите сограѓани од Ѓорче Петров не заслужуваат ваква локална власт и затоа на наредните избори силно ќе го поразат Наумоски и СДСМ“, изјави Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус