(ВИДЕО) Стојаноска: Заокружете го бројот 14 за повеќе за сите

Од:

Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Дафина Стојаноска денеска од Гостивар истана дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти за културата кои ВМРО–ДПМНЕ се обврзува да ги исполни.

„Од националната установа за култура во Гостивар денес истакнувам дека културата е многу значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава. ВМРО – ДПМНЕ во програмата „Обнова“ има посветено доста труд и време токму за културата. Наши културни приоритети се културниот идентитет, културното наследство, културните работници, културните и креативните индустрии, меѓународната културна соработка и секако инфраструктурата во културата 2020- 2030 година„ истакна Стојаноска.

Дополнително Стојаноска потенцираше дека ВМРО–ДПМНЕ се обврзува да издвојува денар за спортот и денар за културата од акцизата за горивата за унапредување на овие два сегменти кои овие три години беа сериозно запоставени од СДСМ.

„Исто така од акцизите за нафта и нафтени деривати кои што СДСМ за време на три годишно владеење ги покачи дури 2 пати владата на ВМРО- ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата што ќе значи многу за овие две гранки преку што ќе дојдеме до обнова на Македонија“ појасни Стојаноска.

На крај носителката на изборната единица 6 Дафина Стојаноска им порача да граѓаните да излезат на 15 јули да гласаат и да го заокружат бројот 14 за повеќе проекти кои ќе значат просперитет и обнова на земјата.

„Затоа на 15 јули заокружете го бројот 14 за да има повеќе за секого но и повеќе за културата на Македонија„ додаде Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела