(ВИДЕО) Стојаноска: Заев тргна да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон

Од:

„Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, идентитетот, историјата, традицијата и културата.

Зоран Заев е во паника затоа што не помина неговата капитулација и граѓаните го осудија обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој ги прифати грчките црвени линии“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси и затоа сега бара помош од неговите послушници во СЈО.

Вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава. Не постојат ни закони, ни Устав. Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди. Катица Јанева сама закажува рочишта, ги диктира процесите и ги прозива судиите што не и се по волја. Зоран Заев ги нарачува предметите и кажува која мерка и која пресуда е преостра или преблага. Вака функционира партиско – политичкиот прогон со кој што треба да се скрши македонскиот отпор. Вакво силување на правото и правдата во моментов нема во ниту една демократска земја.

ВМРО и Македонија издржале низ историјата многу ликови како Зоран Заев и неговите извршители. Ќе биде издржан и тој и сите злодела на неговиот криминален картел. Македонија ќе победи, а одговорност за се што прави Заев и неговите послушници ќе има кога ќе се врати правната држава.

Додека Зоран Заев го гази правото и правдата и нарачува истраги и пресуди, трае општиот грабеж кој го реализираат неговите роднини и соработници. Додека Заев тргува со највисоките државни и национални интереси спротивно на волјата на народот, неговиот брат Вице си купува комбинати по цена на гарсониера, си добива лиценци за одгледување марихуана, гради и ископува каде сака, колку сака и како сака. Камиони на Заеви се ангажираат од државни компании, милиони евра се делат за криминални иновации, а ликови како Кочо Анѓушев добиваат милиони евра од грчките даночни обврзници за фирми за кои читаме дека вределе многу помалку.

Со секој ден е се појасно зошто Заев бега од договор за независно и професионално обвинителство, но никој не успеал да бега вечно и вечно да се крие“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ