(ВИДЕО) Стојаноска: За кој дел од здравството Заев тргувал со контроверзниот бизнисмен Гафур од Либија?

Од:

„Зоран Заев и понатаму се обидува да распродаде се’ што е профитабилно во здравството.

Ги извртува информациите објавени во медиумите во Албанија, дека се сретнал со контроверзниот бизнисмен Али Гафур од Либија. Албанските медиуми објавија дека Заев остварувал тајни средби со контроверзен бизнисмен, со цел да му понуди продажба на дел од здравствениот систем во Македонија, а за тоа да му бидат платени милиони евра народни пари.

Медиумите во Албанија се јасни, но Заев е конфузен. Но на сите им е јасно дека – кога Заев е во прашање има лаги, корупција, има следење, и тоа само за личен интерес“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се сеќаваат дека Заев и Филипче не така одамна говореа за еден вид на распродажба на јавното здравство и истото го претставуваа како јавно приватно партнерство. Сакаа да ја приватизираат Итната медицинска помош, лабораториите, ин витро процедурата, Јавните здравствени установи и се’ друго што може да биде профитабилно од здравствениот систем.

Како јавно приватно партнерство ја претставуваа и детската кардиохирургија, но проектот се покажа како неуспешен. И се’ што сакаа да продадат од здравството, го нарекуваа јавно приватно партнерство.

Заев, наместо да лаже, треба да одговори која била темата на разговор со контроверзниот бизнисмен Али Гафур кој е под истрага за перење пари и корупција во Малта.

Што сакал Заев да му продаде од здравството на бизнисменот Али Гафур?

И, бидејќи е јасно дека кога Заев преговара бизнисот оди кај него и брат му, сега се поставува прашањето колку од тој здравствен бизнис бил за фирмите на Заеви?

Заев е олицетворение на сомнителни бизниси со контроверзни бизнисмени.

На сето ова ќе се стави крај на 12-ти април“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава