(ВИДЕО) Стојаноска: На 15 јули изборот е помеѓу еснафот и чесноста или криминалот и свитканата кичма

Од:

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија заедно со останатите кандидати за пратеници од оваа изборна единица остварија средба со сопственикот на една од најстарите и најреномираните слаткарници „Рекорд“ во Гостивар. Таа посочи дека сопственикот на оваа слаткарница е еден од вистинските гостиварски еснафчии.

– Збор еснафчии за секој вреден гостиварец и приватен стопанственик значи многу. Еснафот кај нас е синоним за чесност. И жалам што имавме можност две и пол години да имаме премиер без „Е“ од еснаф. Што се однесува до „Е“ од европските вредности за кои што велеше дека се неговиот избран пат ни останаа само евро за бате и евро за црквата и она „Е“ кое што им го порача на македонскиот народ и на сите негови соработници, истакна Стојаноска.

Стојаноска од Гостивар порача дека на 15 јули изборот е помеѓу еснафот и криминалот или помеѓу чесноста и свитканата кичма и дека на 15 јули изборот е бројот 14 за исправена Македонија.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он