(ВИДЕО) Стојаноска: Иницијативата е во сoгласност со член 24 од Законот за Референдум, Џафери нема основ да ја отфрли

Од:

„Талат Џафери во минатото имал многу улоги, а денес противправно си ја додаде и улогата на Уставен судија. Толкување на Устав е работа единствено на Уставниот суд. Прво, прават правни гимнастики, за да избегнат народ и неговиот став за Договорот“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Второ, бегаат од соочување со народ, затоа што се свесни за две работи. Првата: знаат дека ќе има излезност, втората: знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковачевски ја спроведуваат.

Трето, Талат, наместо чувар на Уставот, стана шампион во кршење на Уставот. Неме друг случај во светот, каде претседател на Собрание толкува Устав, затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд.

Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Чл.24 од Законот за Референдум овозможува да се прави Референдум и за меѓународни договори.

Четврто, ВМРО-ДПМНЕ има референдумско прашање со кое не ја менува содржината на Договорот, туку го спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.

Петто, антимакедонската СДС бега од македонскиот народ и останатите граѓани кои се против коалицијата СДС-ДУИ и не ја заслужуваат нивната доверба. Се плашат и бегаат од избори, се плашат и бегаат од Референдум, но нема да избегаат од следниот изборен пораз, после кој следи одговорност пред законите и пред Уставот.

Ова само дополнително ќе ги заостри односите во собранието и ќе ги зголеми поделбите. За сето ова единствено одговорна ќе биде власта“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски