(ВИДЕО) Стојаноска: Го потсетуваме Заев дека „Југохром“ не го рестартира ниту во 2018, ниту во 2019, ниту во 2020 година

Од:

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посети општина Јегуновце, при што најпрвин посочи дека земјоделците не биле задоволни од исплатите на субвенциите, а централната власт не ги реализирала дадените ветувања како патот Желино – Јагуновце.

-Се наоѓам пред една вистина на Зоран Заев оставена во општина Јегуновце, поради кое што е овој молк позади мене. Исто така се обврзав и дека нема да напаѓам, но жителите на општина Јегуновце ме замолија од нивно име да го потсетиме Зоран Заев дека „Југохром“ не го рестартира ниту во 2018, ниту во 2019, нити во 2020 година, истакна Стојаноска.

Таа при своето обраќање посочи дека исто така и земјоделците не биле задоволни од исплатите на субвенциите и од исплатата на оштетите од поплавите и дека локалната власт исто како и централната власт не ги реализирала дадените ветувања како патот Желино-Јегуновце или регулацијата на речното корито на Вардар.

-Токму поради сето ова овие луѓе на 15 јули ќе изберат обнова наместо измами. Обновата доаѓа, порача Стојаноска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ