(ВИДЕО) Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати

Од:

Дафина Стојаноска носителката на листата за изборна единица 6, во рамки на предизборните активности во Гостивар најави дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати. Таа придружувана од сопартијките симболично истрачаа еден круг по гостиварските улици кој го нарече „нашиот марш до победата“.

– Со Унијата на жени на Гостивар и учествувавме во еден спортски марш. На овој марш жените на Гостивар дадоа поддршка за спортот и за младите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека ќе издвојува еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати“, истакна Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека тоа се оние акцизи кои што СДСМ за три години владеење два пати ги зголемуваше.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ