(ВИДЕО) Стоилковски: Здравство му даде над 6 милиони евра државни тендери на човек кој гради заедничко здание со семејството на Филипче

Од:

„Тендери од над 6 милиони и 700 илјади евра од здравството, има добиено градителот на овој објект, кој што е заеднички со семејството на министерот за здравство, Венко Филипче!

Оваа куќа во скопско Горно Нерези, во местото викано Рупе, соседите веќе ја викаат Касарната на Филипче.

Дали е можно, институциите да немаат ништо видено сомнително, тоа што од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче во министерството за здравство, вкупно 7 милиони евра од сметките на министерството за здравство и здравствените установи, завршиле на сметката на „Синерџи медикал“, компанија во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој што куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче уште и го потврдува тоа дека се познава со Филипов, ама не биле многу блиски пријатели. Па, колку блиски пријатели треба да бидат за министер да му даде 7 милиони евра државни тендери на човек со кој што гради заедничко здание на семејството на министерот на атрактивна локација во Скопје?

Нема тендер, нема корупциски скандал, нема рекетарски скандал да не е вмешано името на Венко Филипче, нема криминал со кој што не е запознаен Зоран Заев!

7 милиони евра за две години и оваа „касарна“ на Водно се доволна причина за реакција на државните институции, доволен сомнеж за корупција, ова е последната исцицана капка пред излегувањето од министерството на Венко Филипче!

Токму затоа сега на ист таков шверцерско коруптивно рекетарски начин пред избори се турка закон кој што ќе им овозможи заштита и бегство од правда!

Нема криминал, нема пораз или нема измама зад која не стои Заев и криминалниот клан. Затоа на 12-ти април тешко ќе бидат поразени. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски