(ВИДЕО) Стоилковски: Заев тргува со интересите на државата за да ја сочува власта

Од:

„Зоран Заев бил на средба во Tетово посветена на редефинирање на државата меѓу двата изборни претседателски круга.

Oва е заклучокот којшто се наметнува од молкот и очигледното бегање на Зоран Заев од темата за политички пазар на сметка националните интереси.

Зоран Заев тргува со интересите на државата за да ја сочува власта и за да продолжи со коруптивните зделки за богатење на картелот кој што го води. СДСМ не смогна храброст да побараат одговор од Зоран Заев на прозивките за средбата во Тетово кадешто за политичка поддршка договарал политичко редефинирање и исцртување на нови граници.

Ова е сериозна тема, ова се пресериозни прашања за коишто мора да има одговор. Без одговор уште посериозни се сомнежите дека и одржувањето попис вон европските стандарди е дел од политичкиот пазар за опстојување на Зоран Заев на власт“, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во насока на средбата во Тетово за којашто нема одговор од Заев, се надоврзува и фактот, дека Република Македонија повторно остана без преговори за членство во ЕУ, а вицепремиерот се закани дека во таков случај постои опасност државата да се распадне. По таа негова изјава, почнаа да се шират и идеи за отворање на пат за создавање на федерализација на Македонија и на Косово за да се формира федерална унија со Албанија, а сето како последица на неотпочнувањето на преговори за ЕУ.

И наместо суштински одговори и одговорност од Заев и неговиот заменик Бујар Османи, наместо суштински реформи и одговорност за изостанувањето на почетокот на преговори што може да предизвикаат сериозни последици, Зоран Заев се посветува на се поголемо деспотство во партијата во насока на политичкиот пазар за опстојување на власт.

Зоран Заев знае дека ја губи власта, знае дека политичките пазари не траат долго, знае дека народот на избори жестоко ќе одговори на девастацијата на државата заради политички трговии со државните и со националните интереси.

Потребна е обнова на Македонија која што ќе почне со падот на политичките пазари на Зоран Заев. Затоа тој и бега од одговор и бега од одговорност“, изјави Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски