(ВИДЕО) Стоилковски: Заев и СДСМ пред избори се обидуваат да купат гласови, вработуваат партиски послушници

Од:

„Зоран Заев е прочитан и ја губи поддршката за неговите антидржавни и криминогени политики. Затоа, Заев и СДСМ, пред избори се обидуваат да купат гласови, но не со пари од Вице , туку со пари од граѓаните. Вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, а граѓаните плаќаат за оваа масовна операција.

Вработувањето на ќерките и синовите на Фрчкоски, Бучковски, Бејта, Цафери, Грчев и десетици други послушници на Заев беше само почеток.

Во период на државни празници, власта вдомува над 300 нови партиски војници во администрацијата“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класична корупција и обид за купување на гласови пред претстојните избори. Оваа операција на Заев на годишно ниво ќе ги чини граѓаните преку два милиони евра кои ќе им ги зема преку покачената акциза и зголемените даноци.

За ваков криминал во правна држава се одговара. Тоа што до вчера беше обемна, масовна, спора, неефикасна, неевропска администрација, сега станува јасли за секој еден партиски војник на СДСМ.

Па нели ќе спроведеа мала и ефикасна јавна администрација? Каде е најавената „фунционална анализа за вишокот превработени во администрацијата, пред оваа акција за партизација? Ова ли се капиталните проекти на СДСМ, прелевање на парите од буџетот во партиските џебови, преку партизација на администрацијата?

Распишани се над 300 огласи за вработувања во министерства, владини агенции, дирекции и тела кои во овие десетина дена се објавиле огласи за вработување, Од советници до копиранти, од келнери до шанкери и кафекувари, со плати од 15 до 35 илјади денари.

Ова е само продолжување на трендот на партизација на она што до вчера беше главна теза на СДСМ дека администрацијата мора да е мала и професионална.

СДСМ го спроведува партискиот проект мрежа за партизација на општинските и државните јавни претпријатија, на администрацијата, потоа измислува нови работни места како заменици директори со цели кабинети за задоволување на поголемите апетити, а сега во очи на претседателските избори во празнични денови повторно ја полни администрацијата.

Забелешки на партизацијата од СДСМ има и од Европската Комисија но тоа за нив сега не е важно.

Важно им е да се јадат живи луѓе да се смени и пополни се од министер до хигиеничар и партиската членска книшка да биде замена за личните документи и да е главна од одење на лекар до вработување.

Епа вака не се враќаат 600.000 иселени колку што ги пребројуваа. Вака само дополнително се редат нови и нови чевли пред владата.

Со ваква груба партизација власта испраќа порака дека во државата нема место за професионалци, за вредни, за работни, за образовани, туку само за партиски кадри.

Зар во ова власта смета дека никој нема да препознае кршење на сите норми, дека се спроведуваат коруптивни, криминогени вработувања во очи на избори, дека се спроведува црна партизација врз грбот на чесните.

И повторно ќе посочат дека ако нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, администрацијата ли ќе биде виновна.

Овие црнила мора да сопрат. Во државата мора да има ред да се почитуваат нормите, да се спроведуваат вистински реформи. Затоа црнилата мора да запрат а ќе сопрат кога ќе им го видиме грбот. Колку побрзо заминат толку подобро за сите во Република Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он