(ВИДЕО) Стоилковски: Заев го брише македонскиот идентитет од химната, учебниците, традицијата и културата

Од:

„Прво, Зоран Заев прифати, а неговите пратеници изгласаа дека именката Македонија ќе биде избришана во Уставот.

Второ, Зоран Заев прифати, а потоа неговите пратеници изгласаа дека се забранува секаква употреба на придавката македонска, македонско, македонски во сите форми од сите институции кои што имаат изданија и кои што добиваат пари од државата“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Па како Зоране Заев го заштити идентитетот? Смее ли државата да издаде учебник во кој што ќе пишува Македонија? За што ќе учат децата? Ќе смеат ли децата, а воедно и сите граѓани да ја испеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?

Смее ли Ансамблот „Танец“, ако не знаеш Зоране создаден со одредба на македонската влада, да изигра македонско оро, и дома и во странство?

Зоране Заев, сам ли или кој наместо тебе ќе го корне македонското сонце од јавните површини следните 6 месеци онака како што си прифатил во членот 8? Иако целиот член е монструозен, еве што вели Став 3 од овој член од договорот кој што го потпиша Зоран Заев – „Втората страна не смее повторно да го употребува на било кој начин и во било кои форми симболот кој претходно бил прикажан на своето поранешно национално знаме. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој Договор, Втората страна ќе продолжи со отстранување на симболот прикажан на нејзиното поранешно национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзина територија“.

Почитувани граѓани, овој таканаречен договор е акт на чистење на цела нација, ова е пострашно од геноцид, ова е геноцид врз цела една нација – ова е етноцид.

Ова е срамен договор.

Овој договор е измама од Зоран Заев. Народот е разочаран, потиштен и излажан. Овој договор нема да донесе подобар живот. Зоран Заев мора да падне, а Македонија да победи“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира