(ВИДЕО) Стоилковски: Заев е извор, а не решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток

Од:

„Срамно и недостоинствено и на веќе познат начин, Зоран Заев повторно го гази Собранието за со поткупи, уцени и закани да се обиде да остане на власт! За жал, се повторуваат сценаријата со притисоци врз пратеници, овој пат потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада. Информациите се дека тие притисоци се интензивни и дека не се штедат ниту во злоупотребите, ниту во непристојните понуди“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не знае поинаку, тоа веќе беше видено во Собранието, а со тој начин на режимско делување сведочевме и за време на изборниот процес. Но, веруваме и дека, како што граѓаните се одважија и на избори го испратија Заев и СДСМ во историјата, така и потписниците на иницијативата за гласање недоверба на власта ќе се одважат да се издигнат над непристојните предлози и над заканите, затоа што за нив, како опозициски пратеници, ништо не е поважно од јасно изразената волја на гласачите. Впрочем, на лагите на Зоран Заев повеќе никој не верува.

Како опозиција ги регистрираме и собираме сите вакви наводи, докази, сите непристојни предлози од Заев и неговата свита во заминување, сите злоупотреби на функции и институции, правени само и само Зоран Заев да не се соочи со волјата на граѓаните.

Како партија и како коалиција за рушење на оваа власт, веруваме во чесноста на потписниците на иницијативата, и во нивниот јасно изразен став – дека актуелната власт не може да се справи со кризите коишто сама ги предизвика. Никој од потписниците на листата од новото мнозинство во парламентот не верува дека власт предводена од СДСМ треба да остане на чело на државата.

Впрочем, повеќе не се работи само за политика, туку се работи за решавање надоаѓачките страшни кризи. Зоран Заев е извор на кризите, а не е решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски