(ВИДЕО) Стоилковски: Заев е единствената вистинска катастрофа во оваа држава

Од:

Единствена вистинска катастрофа во оваа држава е Зоран Заев и неговата политика. Единствена катастрофа во Македонија во делот на предавството на национални и државни интереси, во делот на економијата, здравството, образованието, земјоделството е токму Зоран Заев, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– На денешната прес конференција Зоран Заев соопшти најмалку една лага, и реализираше една закана. Првата лага е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се заканувал кон пратениците. Гуруто за уцени, закани преку злоупотреба на судскиот и обвинителскиот систем и за ниски пазарења во оваа држава е токму Зоран Заев. Првиот доказ за тоа е како обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието за насилна смена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Втората лага е дека Мицкоски нешто различно ветувал од тоа што го говори во јавноста. Единствениот кој отворено лаже, манипулира и замајува на отворена сцена е токму Зоран Заев. И тоа го лаже народот, безочно, безобразно, без грам морал. Колку само ветувања не исполни, а сетете се колку само удирања во гради имаше дека нема да го менува Уставот. Еве денес се покажува дека тоа е лага, рече Стоилковски.

– Заев денес не пропушти и да се закани дека МВР на Спасовски, истото она министерство кое што има редица нерасветлени убиства и кое е партнер во криминалот во Република Македонија, ќе санкционирало такви наводни закани за кои што денеска Зоран Заев зборуваше. Заев директно се закани дека Спасовски ќе апси лидер на опозиција. Ова е доказ дека Заев губи контрола. Човек кој што на овој начин се заканува е најдобар показател дека е уплашен човек. Затоа Заев се заканува, затоа дрско лаже, додаде Стоилковски.

Тој рече дека на Заев нема да му помине ниту една лага.

– Ниту една лага и уцена не може да го покрие срамот со промената на името. Ниту една закана и уцена не ја покрива катастрофата и антидржавното однесување на овој човек. Оваа купи – ден политика каде предавствата, понижувањата и криминалот се основните атрибути, ќе биде поразена наскоро, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари