(ВИДЕО) Стоилковски: Заев да не помислува да игра со идентитетот, наместо деманти да го покаже предлогот

Од:

„Ова е видео колаж од изјави во однос на Македонија и Бугарија, којшто завршува со она коешто стигна од Бугарија како информација испратена од како што велат од таму од официјални лица за медиумите дека е даден предлог со пет формулации од кои за едната од нив станува збор за ист јазик, меѓународно признати како два јазици.

Видеото е кус потсетник за се она што Заев го зборува последните четири години. Ова е кус потсетник за пораките коишто Заев постојано ги упатува до Софија“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е кус, но веродостоен доказ како основа за верба во брифирањата од официјална Софија за бугарските медиуми дека Заев дал предлози во коишто за македонскиот јазик било наведено дека е ист јазик со бугарскиот јазик. Ист ист јазик, но во две држави признати како два јазици.

Доколку Заев го понудил ова решение, тогаш ја прифатил тезата еден народ во две држави и во целост ја побугарчува Македонија и ја брише македонската културна и јазична посебност.

Полошо од бугарските негации на Македонците и македонското, се искажаните ставови на Зоран Заев, неговата понизност и подготвеност за предавство.

Зоран Заев со неговите досегашни изјави, Зоран Заев со неговиот актуелен молк, Зоран Заев со бегството од носењето документ во Собранието дека за идентитетските одредници никој не смее да преговара, остава впечаток и предизвикува чувство дека понудил бришење на македонскиот идентитет во целост.

Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, да не си игра со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја, затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет.

Најдобар демант наместо поразни флоскули, е предочување на предлогот пред јавноста, за таа сама да ја оцени вистинитоста“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски