(ВИДЕО) Стоилковски: Во македонските судници под симболот на тасот се чита „Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“

Од:

Во Република Македонија не постои судство ниту правен систем, постои „Кацарска џубокс“ за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболициран, помилуван, премиер Зоран Заев за организирање на политички прогон, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За македонскиот судски систем, повеќе не важи максимата „Правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот, слободно се чита „Апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Кацарска судството за што подлабоко задоволување. Во налетот на осветољубивоста и желба за изедначување, залудни се обидите на ова џубокс, Кацарска судство и СДССМ, било кого од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада. Зоран Заев, не го признаваше судството за случајот „Глобал“. Зоран Заев не го признаваше судството за случајот „Пуч“. Зоран Заев не го признаваше судството за „Поткуп“ – фино аудио видео документиран, со судски налог. Сега, Заев, со сиот криминоген габарит стана главен реформатор на судството, ослободен, помилуван, аболициран – вели не се мешал во судството! Апсурд, рече Стоилковски.

Според него, во обвинителниот акт за Никола Груевски нема ниту штета, ниту материјална корист.

– Има само набавено возило за потребите на Република Македонија чиј што безбедносен сертификат ги задоволува барањата за странските гости, ама и за владиниот кабинет. Па нели ќе го продаваа, за да спасуваат болни деца? Нели го изложуваа таков гребен, гнасен, никаков? Партизираното судство во пупката на Заев, не може да мине необележан за овој период и за пресудите и однесувањата во нарачаните партиски чистки. Партиското судство се стави во улога на џелат, во улога на страшило за секој оној кој мисли поинаку од извршната власт. Наместо правда и судство во заштита на правата на граѓаните, Република Македонија доживеа џелат и апо за слободоумните и правдољубивите, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, што и да направи власта, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, во како што рече, обезличувањето на македонскиот народ, на бришењето на македонската историја, на одземањето на името Македонија од Македонците и предавањето на соседите.

– Почитувани, употребната вредност на овој криминоген и однароден нарачател, диктирач на судски пресуди брзо ќе мине. За тоа какви ли пресуди ќе носат потоа за сите криминогени дејанија на оваа актуелна власт, во голем процент ќе зависи од нивните постапки денеска. Но секако, Ќе остане срамот на судската фела, на судството и правниот систем во целина, запаметен како период на коалиција „Кацарска судство и Заев нарачателот“ за организиран политички прогон против опозицијата, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски