(ВИДЕО) Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада заради евтин политички театар

Од:

„Денес јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта.

Беспотребно беа вознемирувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, беа претресувани недолжни граѓани, без налог, без посебна наредба која никогаш не беше презентирана во јавноста. Провокација за нов меѓумакедонски конфликт.

Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на закон, беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека она што треба да бидат професионални институции работеа под чисто политички диктат“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичкиот притисок и прогон е евидентитен. Мотивите се политички и средствата што се употребуваат се политички. Прогонот се прави врз лица на партија кои се следени, прислушувани, под константен притисок.

Е сега треба, и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски и Зоран Заев да одговорат кого лажат и кого замајуваат. Тие имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под едни вакви услови сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја, или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема која треба тие да ја одговорат.

Што се однесува со самиот чин, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон.

Во оваа држава мора да престане самоволието на власта. Оваа власт го донесе најцрното време на Македонија, најцрното време во кое се менува име, идентитет, се качуваат даноци, се монтираат случаи, се одземаат институциите од граѓаните и се киднапираат од власта, се прогонува опозицијата и нејзината критичка мисла.

Токму оваа власт ја киднапираше државата, ја уништува демократијата.

Колку повеќе притискате толку повеќе губите, а ќе паднете, ќе паднете многу брзо“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ