(ВИДЕО) Стоилковски: Власта повторно ветува и вработува во предизборниот период

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал, поткупи, трговија со правото и правдата поради распишани тендери и огласи за вработување во предизборниот период.

-Вчера објавивме за јавна набавка за сомнително времено ангажирање на 22 работници во УЈП, кој што завршува токму на денот пред почеток на кампањата, денеска, продолжуваме со ЈП Македонија пат Скопје, рече Наум Стоилковски, портпарол на СДСМ.

И повторно ангажирање на 22 лица за времено вработување, во време од 12 месеци, оглас објавен на 19. Март, а се затвора на 16и април. Среде кампања.

И повторно оваа власт посегнува по чувството за потребност на граѓаните, нивното чувство за работа, за потреба од работа, за корисност, на потребност во општеството, ветувајќи вработување во предизборен период. Односно на овој начин се правио поткуп во изборни цели.

Почитувани ова е срамно, срамно за една власт која што не ги вади европските вредности од уста, а секојдневно ги гази сите принципи на демократијата и на човековите права.

Криминалниот клан на Зоран Заев не размислува за вработувањата на граѓаните во период меѓу два изборни циклуси, туку само во предизборие. Меѓу двата циклуси, референдумскиот и сега претседателските избори, размислуваше, оваа власт беше преплавена од афери во јавноста за непотизам. Во тој период власт размислува за вдомување на своите најблиски, за вработување на мајки, сестри, деца, на фризерки, на функционери, на видни членови, на звучни презимиња од СДСМ, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му