(ВИДЕО) Стоилковски: Трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата во Македонија

Од:

„Трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата и правната држава во Република Македонија. Почитувањето на меѓународното право, почитувањето на основните човекови права и принципот за независно и професионално јавно обвинителство, треба да ја вратат довербата на граѓаните во системот и да бидат сигурни дека органите на прогонот нема да бидат продолжена рака на извршната власт, туку пред се ќе ги штитат интересите на државата и на граѓаните.

Jавноста мора да знае од која од трите принципи власта е подготвена да ја жртвува? Кои од бараните принципи врз кои треба да се изгради новиот закон за јавно обвинителство Зоран Заев и Рената Треневска Десковска сакаат да отстапат? Дали е тоа принципот за следење на меѓународното право и имплементација на меѓународните препораки, дали е помалку важен за Заев и Треневска Десковска принципот на почитување на основните човекови права кои ќе доведат до Јавно обвинителство кое ќе ги следи меѓународниот суд за човекови права, или Заев и Треневска Десковска сакаат да тргуваат со принципот за независно непартиско отчетно и транспарентно јавно обвинителство кое што ќе ги штити интересите на граѓаните наместо интересите на власта“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се’ се волни да прескокнат од меѓународните препораки во законскиот текст, за Зоран Заев и Рената Треневска Десковска да избегаат од комисија која ќе го испитува работењето на овој тим на СЈО? Што се’ треба да биде жртва на желбата на Заев и Треневска Десковска за да го избегнат Јавно обвинителство кое што нема да работи под стеги и прислушувања? Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта.

Трговија со правото и правдата, трговија со основни принципи кон реформи и заштита на демократијата, трговија со човековите права е не дозволена во демократијата. А токму тоа го прават и го посакуваат Заев и Треневска Десковска.

Залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи. Ваков законски текст каков што е доставен е антиреформа, со оглед на тоа што не содржи огромна низа на релевантни препораки кои што ќе доведат до право и правда, до правна држава, до Јавно обвинителство во име на граѓаните, до Јавно обвинителство кое нема да се плаши да ги истражи криминалите на власта, а тоа се и основните принципи за постоење на Јавно обвинителство. Барањето амандмани во оваа фаза, е токму тоа, обид за трговија со основните принципи. Демократијата точно определува кога и каде се поднесуваат амандмани, тоа се прави во Собранието, во собраниска процедура, а не во министерствата во владата.

Европската иднина не зависи од брзината на носење на закони, туку од нивниот квалитет и практикување. Доколку не се почитуваат основните принципи, Македонија повторно ќе има нефункционално јавно обвинителски систем. Консензус не значи земи или остави во 5 минути, не значи поддршка на неквалитетни решенија“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски