(ВИДЕО) Стоилковски: Три години Заев и две години Шилегов не најдоа време да го решат проблемот со Дрисла

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата пред депонијата Дрисла, рече дека таму се согорува отпад не само од Скопје, туку од целиот поширок регион, и од Тетово и од Гостивар.

„Петре Шилегов и Зоран Заев велеа дека ќе го решат проблемот со Дрисла, две години Шилегов е градоначалник, а проблемот не е решен. Дрисла и натаму го загадува Скопје.

Заев и Шилегов велеа дека тука, на Дрисла се складира и се третира отпад кој што е штетен по здравјето на граѓаните и на животната средина.

Три години Заев и две години Шилегов не најдоа време да го решат проблемот.

Скопје и скопјани дишат загаден воздух поради согорувањето на отпадот кој што е складиран во Дрисла.

На Заев и на Шилегов бизнисот им е пред здравјето на граѓаните.

Загадува Дрисла. Загадува и согорувањето на кокс со 18% сулфур диоксид и обоениот текстил кој што се согорува во 8 фабрики на олигарсите на Зоран Заев и на Петре Шилегов.

Власта свесно го премолчува труењето на граѓаните. Власта свесно го става профитот на олигарсите пред здравјето на граѓаните.

На негрижата за здравјето на граѓаните и животната средина мора да се стави крај, негрижата мора да заврши по 12-ти април следува одговорност.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ