(ВИДЕО) Стоилковски: Трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана

Од:

„Нема ден Македонија да мине без нов скандал предизвикан од власта која што тоне. И повторно во центарот на вниманието е МНР под Никола Димитров!

Трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана. Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување.

Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, кои што се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е скандал од огромни размери кој што отвора повеќе скандалозни прашања.

Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување? Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?

Втор аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чија што веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име? Посебен аспект на проблемот е Каде се овие месеци претставниците на Синдикатот на МНР, Синдикатот на македонската дипломатска служба, водени од звучни „борци“ како Сашко Тодоровски и други видни Амбасадорски имиња, каде се да го повторат преседанот, како што се посочуваше и повторно да организираат протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати?

Како е можно синдикалци да не изустат ни збор за тоа што дипломатите и службениците во МНР немаат здравствено осигурување од министерувањето на Никола Димитров, ниту за ниеден друг скандал кој што го тресе МНР?

Скандалите кои го следат МНР и работењето на Никола Димитров не само што не згаснуваат туку и се посилно удираат врз делот што треба да биде репрезент на македонската држава. Димитров знае „среде ноќ“ да среди Комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ама не знае или не сака да го реши проблемот на вработените дипломати кои повеќе месеци не се здравствено осигурани.

Никола Димитров го претвори МНР во приватно гранапче на СДСМ! Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на македонската државата“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот