(ВИДЕО) Стоилковски: Судството на СДСМ и Заев ги ослободува насилниците како Курто Дудуш

Од:

„СДСМ и нивното Луј Витон судство, денеска им порачаа на граѓаните, ако си наш или со нас, можеш да тепаш, ќе поминеш само со опомена.

Денес на дело се виде дека неправдата на Зоран Заев и СДСМ. Градоначалникот Курто Дудуш кој беше обвинет за физички напад врз граѓанин помина на суд помина само со судска опомена.

Повторувам, само со СУДСКА ОПОМЕНА за Дудуш за физички напад врз граѓанин.

Па што треба да направи функционер на СДСМ за да биде казнет?“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ те тепа, а судството на Заев ги ослободува насилниците како Дудуш. Тоа се тие европските вредности за СДСМ.

Да потсетиме дека насилникот, градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш во неколку наврати напаѓа и тепа граѓани, но тоа не е доволно судот да го осуди за кривично дело, туку само му дава опомени.

Пред повеќе од осум месеци јавноста можеше да чуе дека Курто Дудуш дека бесправно лишил од слобода во својот кабинет, тепал и навредувал граѓанин на Шуто Оризари. Тој тогаш се фалеше дека нему никој ништо не му може и не може да му се спротивстави. Сега гледаме дека тој освен политичка, имал и полициска, но и судска заштита од судството на Заев.

Дудуш и СДСМ се лажат ако мислат дека може да побегнат од правдата. Ова се последните обиди на Зоран Заев да се заштити самиот, но и своите пајташи од кривична одговорност, но не за долго.

После 12-ти април судството ќе биде ослободено од канџите на Заев и правдата ќе дојде во Македонија. На 12-ти април следува одговорност Заев и СДСМ никогаш повеќе“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му