(ВИДЕО) Стоилковски: Спортот ќе биде еден од главните приоритети на новата локална власт во Крива Паланка

Од:

„Правилниот раст и развој е од исклучително значење за да имаме здрави деца, способни, позитивни и попродуктивни млади.

Податоците од систематските прегледи во Крива Паланка покажуваат дека дури 70% од дечињата на возраст од 12-15 години се со деформитет во развојот, И ТОА Е АЛАРМАНТНО!

По промената на локалната власт, спортот ќе биде еден од главните приоритети.

Воведуваме наставник по физичко воспитување уште од 1-во одделение, со што на учениците ќе им се овозможи рано совладување на базични спортски вештини и добра координација на движење.

Ќе формираме фонд за спорт кој ќе овозможи сигурна егзистенција на спортските клубови, а средствата ќе се распределуваат со учество на спортските работници и согласно реалните потреби на секој клуб. На спортските клубови ќе им овозможиме да ги користат сите спортски објекти бесплатно.

Ќе ги стимулираме и компаниите дополнително да вложуваат за да ја зголемиме и општествената одговорност но и клубовите да добијат повеќе средства за развој. Со тоа ги ослободуваме и родителите од трошоците кои тие ги плаќаат за патување на нивните деца на натпреварите надвор од градот.

Општината во соработка со невладините организации и спортски клубови ќе стимулира и развој на рекреативниот спорт за да овозможиме повеќе луѓе да се вклучат во спортски активности за да добиеме здрави и продуктивни граѓани.

Ќе имаме и отворени спортски денови за сите.

Ние го сакаме спортот и живееме со спортот. Сакаме и млади и успешни луѓе да бидат дел од нашето секојдневие и силно веруваме дека само здрави и спортски активни луѓе можат да придонесат за забрзан развој на градот.

Затоа бараме поддршка за промени. За здрави и способни млади луѓе, активни учесници и креатори на општествениот развој“, изјави Оливер Стоилковски, кандидат за советник од листата на СДСМ и коалицијата во Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје