(ВИДЕО) Стоилковски: Шилегов има 24 часа да покаже документи за неговата зграда, во спротивно ќе поднесеме кривична

Од:

„Срамно е бегањето и криењето на Петре Шилегов во врска со за семејната зграда – дивоградба! Шилегов да не бега, има 24 часа да покаже документ, дозвола, платени комуналии во врска со зградата зад мене со градењето, реновирањето, доградбата на семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Семејната зграда којашто ја гради Петре Шилегов е во урбанистичка четврт за која што нема валидна основа за толкава градба, цели два ката над дозволеното.

Шилегов со урбанистичкото дивеење го обезвреднува имотот на своите соседи, но и чесната работа на чесните градители!

Доколку Шилегов за 24 часа не покаже дозвола за градба, за реновирање или за надградба, соодветна на делото, одговорност мора да понесе општина Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам, кој што е надреден врз општинскиот молк.

Не смее да се дозволи вакво узурпирање на моќ, ваква злоупотреба, вакво дивеење и насилство од еден градоначалник на Скопје, па било тоа и да е Петре Шилегов!

Бегањето и криењето на Петре Шилегов не доликува на скопски градоначалник, туку на криминалец фатен на дело“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ