(ВИДЕО) Стоилковски: Се’ ќе поскапи заради расипништво на режимот

Од:

„Се’ ќе поскапи! Покачување на давачките за нафтата и горивата и најавеното драстично зголемување на цената на електричната енеригија е најлошата економска одлука којашто може да се донесе.

СДСМ ги удира граѓаните. Ги удира земјоделците, таксистите, превозниците, преработувачката индустрија, стопанството, сите домаќинства, пензионерите“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се’ ќе поскапи! Вакво драстично зголемување на цената на горивата и електричната енергија, во период на економска рецесија и на веќе видлива инфлација, ќе ги зголеми цените на се’, ама буквално на се’, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, цените на облека, цените на се’.

Овие најавени поскапувања не се ниту први, ниту единствени во време владеење на режимот на СДСМ.

Нафтата со новото поскапување на давачките од 3,5 денари за т.н. еколошка такса, како измама за празниот буџет и зголемувањето на ДДВ-то по тој основ, вкупно нафтата е зголемена за 14,06 денари само за давачки коишто ќе ги плаќаат граѓаните за даноци, акцизи, такси и маржи по еден литар гориво. Овие 14,06 денари не се плаќаа пред доаѓањето на режимот на СДСМ во Македонија.

Да потсетам дека струјата лани веќе се поскапи со 7,42%, а за оваа година се најавува ново дополнително двоцифрено поскапување.

Почитувани, Зоран Заев не ги враќа парите на граѓаните.

Зоран Заев ги зголемува сите возможни цени, даноци, такси, маржи и акцизи коишто ги плаќаат граѓаните.

Тендерите за нивните фирми врват, државните компании нижат загуби, граѓаните осиромашуваат, а власта се луксузира.

Заради нивното расипништво, граѓаните ќе плаќаат многу повеќе. Поскапувањето на горивата и на струјата е со единствена цел – да се пополни празната буџетската дупка, создадена со нивното расипништво. Се’ друго е лага“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ