(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ во заминување вработува партиски полтрони во администрација

Од:

„Не запира партизацијата и политизацијата на администрацијата, што е една од главните забелешки на ЕУ за определување датум за почеток на преговори со Република Македонија. Хибридниот режим на централно и на локално ниво продолжува со самоволие и со силување врз институциите.

Пред десетина дена, предупредивме дека општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски распишуваат огласи за однапред познати избраници во штабот на СДСМ. Притоа ги посочивме и точните имиња и позициите на оние кои ќе минат низ тестирањата на Агенцијата за администрација, и ќе бидат постојано вработени во Општинската администрација“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се решенијата потпишани од Наумовски токму за оние за кои што предупредивме. Ова е голема дамка и врз државата и врз општината и врз Агенцијата за администрација, ова е доказ за основано сомнение дека на другите учесници во тестирањето во агенцијата не им бил обезбеден фер и еднаков пристап, за да може еднакво да конкурираат и да бидат вработени во администрацијата согласно квалитетот, а не спорeд партиските заслуги во СДСМ.

Не сме видовити, напротив самоволието и увереноста во неказнивост на СДСМ се премногу впечатливи. Во последните моменти од власт, СДСМ ги изигрува законите и ги згрижува партиските полтрони во администрација. Ова е класична партизација, класична политизација на администрацијата и е сосема спротивно од европските вредности. Апелираме институциите да го испитаат овој случај на класична партизација и до тогаш да се стопираат овие вработувања.

Ова е пример зошто е Македонија тоне на индексот за перцепција за корупција, зошто Македонија е водена од хибриден режим. СДСМ е виновно за сите порази, криминали и измами, затоа на 12 април следува одговорност. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава