(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ тоне во изборно беззаконие и самоволие

Од:

„СДСМ тоне во својата криминогеност и злоупотреби на власта, тоне во трговијата со влијание, тоне во заштитата на сопственото беззаконие.

СДСМ од позиција на власт спроведува самоволие и не го почитува и го крши изборниот законик чии што измени се донесени неодамна заедоно со пратениците на СДСМ. Според Законот во изборен период, кој се смета од денот на распишување на изборите, во случајот 08 февруари кога беше потпишано решението за распишување на шестите претседателски избори, НЕ СМЕЕ :

• да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати … ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори и

• да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

• да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија … на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки и други објекти, освен ако се работи за реализација на годишна програма; тоа стои во изборниот законик член 8А“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски