(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ и Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата и вршат предизборен поткуп

Од:

„Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата во изборни цели. Ја нарекуваа трома администрација, а сега ја полнат и ја партизираат без срам.

Нема јавна институција каде одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

Сега „Царина“ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како е наведено, „заради зголемен обем на работа до крајот на годината“.

Од нив еден е за во кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време“, рече Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа. Ова е класичен обид за злоупотреба на надежта за постојано вработување, но само и само доколку се покаже определено, за СДСМ и за Зоран Заев, посакувано однесување на изборите.

Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборен поткуп за СДСМ до сега минуваше неказниво и без поднесување на одговорност. Но, одговорност ќе има.

СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите порази, за сите измами и криминали.

На 12ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе“, изјави Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава