(ВИДЕО) Стоилковски: Правото и правдата во судот сега зависат само од желбата на судиите да му удоволат на властодржецот

Од:

Зад мене е судството свиткано во пупка и седнато в скутот на одродениот помилуван аболициран криминалец Зоран Заев. Ова не е суд, ова е игротека и место за исполнување на желбите на Заев. Тој си нарачува судења, тој си предвидува пресуди, тој сам го реформира додека седеше на обвинителна крупа за земање на мито нешто што го виде цела држава, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Кривичниот суд во Скопје.

– Вонправно, но и очекувано, Кривичниот совет ја потврди одлуката на Судот на барање на партискиот правен Франкенштајн СЈО, за замрзнување на целиот партиски имот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема никаква врска со наводниот предмет кој што по партиска инструкција за пресметка со опозицијата го води СЈО. Ова има врска само со едно, обид за замолкнување на опозицијата и обид за заплашување на јавноста. Сега, кога пред очите на сите, се гази референдумот, се гази демократијата, се гази Собранието, се понижуваат пратеници преку силување на правото и правдата. Правната држава е погазена во целост. Правото и правдата во судот сега зависат само од желбата на судиите да му удоволат на властодржецот. Притоа, со замижуваат пред фактите, пред доказите, пред аргументите дека со тоа не само што се гази правото, туку со тоа тие се директни учесници во силувањето на демократијата и укинувањето на правниот систем, рече Стоилковски.

Тој рече дека одлуката е политички прогон на само шест месеци пред избори и притисок од власта против опозицијата, за таа да не може да подготви предизборна кампања.

– Веќе не се бираат средства за оваа банда да си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и на општиот грабеж. И барањето од СЈО и одлуката на судиите се целосно неосновани и се исклучиво политички мотивирани. Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО. Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката. Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени. Единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Со тоа јавно се испраќа порака за заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев. Помилуваниот однароден криминалец знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси, и затоа ги впрегна партиските обвинители од СЈО и клиентелистичкиот суд за да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа нема да ја спречи ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстави на антидржавните антинародните политики кои што ги води Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски