(ВИДЕО) Стоилковски: По која методологија на списокот од „Безбеден град“ има лица од една, а нема од друга криминална група?

Од:

„Продолжуваме со прашања коишто даваат одговор зошто Македонија се дави во криминал. Оливер Спасовски има многу за објаснување за список за како што се нарекува стручно „редовна контрола и претрес на безбедносно интересни лица”, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела недела Спасовски молчи и по прозивка од неделникот Фокус, дека цитирам „На списокот од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес”.

Се работи за листата од планот Безбеден град, и оттука, легитимни се прашањата:

-Зошто на списокот нема членови на определени криминални групи како Беланоца, Кондово или Барон?

-Зошто на списокот за претрес и проверки нема ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак, дали тие не се безбедносно интересни лица?

-По која методологија на списокот од Безбеден град има лица од една, а нема од друга криминална група?

-Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?

Но, Спасовски должи и одговори:

-Како е можно МВР по скратена постапка да дава дозвола за оружје на луѓе од овој список?

-Дали е дадено одобрение за оружје на човек во првите 5 од оваа листа?

Скопје и Македонија се дават во криминал, а институциите наместо да се борат со криминалот, тие шуруваат со криминалот“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ