(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски буквално им порача на граѓаните- ниту живот ќе видите, ниту работа ќе видите

Од:

Доколку не бил претседател ќе заминел од државата – ова е изјава на Претседател на држава. Ова е изјава со која се демаскира сета лага која што двоецот Заев и Пендаровски ја продаваа минатите години, само и само да се дограбат и задржат на власт!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.


 
„Додека уверуваат дека семејства можат да живеат со 17 илјади денари, Пендаровски вели не би останал ниту за 100 евра повеќе, би заминал и од просечна плата од 24 илјади.

Додека Заев зборува за економски раст, вложувања во човечки капитал, Пендаровски повикува на масовно иселување поголемо од она што се случува на истокот.

Додека владата лаже дека „блескаме“, оној што е на функција претседател, оценува дека состојбата е неиздржлива до бегање од неа.

Ќе враќале од администрацијата во приватниот сектор, а Стево Пендаровски порачува да се борат само и само за работа во администрација.

Никој ја нема понижено државата повеќе од двоецот Заев-Пендаровски.

Второто лице на Заев, Стево Пендаровски, вчера буквално им порача на граѓаните- ниту живот ќе видите, ниту работа ќе видите, ниту 500 евра плата ќе ве спасат, ниту младите ќе се вратат.

Ниту има повисоки пензии, ниту повисоки плати! Јасно е дека ниту плати растат, ниту пензии растат, ниту има вработување, ниту има инвестиции. Се е сведено на распродажба на корупција и на криминално разграбување. Се од нив е лага, се од нив е измама.

И ова не е изненадување, оваа изјава на Стево Пендаровски е продолжеток на изјавите дека „Чуму ти е идентитет, ако немаш пари“.

Пендаровски можеби би избегал, ама постојано е функционер. Стево Пендаровски, во моментов на функција претседател на држава, ја понижи државата и ги понижи сите оние кои гласале за него.

Командантот на воените сили вчера порача дека би избегал од државата.

Ниту едно ветување, ниту верба може било кој да има во Зоран Заев, после оваа изјавана Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски потврдува дека власта е криминална, дека корупцијата, рекетот цвета, дека правниот систем не функционира, дека Македонија со Заев тоне. 

И ваквите пораки не се случајни. Ваквите пораки се само во функција на изборите. Во функција на обесхрабрување, на деморализирање, во функција на заплашување на граѓаните.

Вие, граѓаните, народот, да загубат волја за изборите, да загубат желба за борба за подобро утре, да изгубат интерес за Обновата која што доаѓа.

На оваа смислена девастација на државата и се гледа крајот. Зоран Заев заминува за 39 денови! Оваа девастирачка антидржавна политика заедно ќе ја испратиме на црните страници во историјата на 12ти април. Започнува Обновата, доаѓаат правото и правдата, доаѓаат денови за храбра борба кон подобра иднина.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град