(ВИДЕО) Стоилковски: Павле Богоевски е лесна цел, ова е сериозен безбедносен ризик за државата

Од:

Аферата Павле Богоевски и неговото тргување на црниот нарко пазар е многу посериозна отколку што неговите сопартијци сакаат да го прикажат. Аферата има два суштински моменти: Павле Богоевски е во центарот на вниманието по аудио материјалот објавен на интернет, по што постои јавно силно сомневање дека е корисник на наркотици односно психотропни супстанци. Павле Богоевски признава дека бил во контакт со криминалното подземје – имајќи предвид дека најмалку тргувал на црниот пазар за наркотици, кој што е воден пред се од криминални организации за кои постои можност да се силен безбедносен ризик, наведе Наум Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција.

Сето ова го доведува во прашање неговиот кредибилитет како пратеник во македонското Собрание. Но, тука не станува збор дали Павле Богоевски има само морална одговорност, туку работата е многу посериозна. Павле Богоевски како пратеник е член на повеќе собраниски комисии каде има допир и увид во високо класифицирани државни и безбедносни тајни. Тој е дел од Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, додаде Стоилковски.

Павле Богоевски поседува Безбедносен сертификат и е во допир со класифицирани документи кои се однесуваат: На методите и средствата што ги користат Управата за безбедност и контраразузнавање но и Агенцијата за разузнавање. Материјалната, кадровската и техничката опременост на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање. Значи Павле Богоевски има комплетен увид во функционирањето, опременоста, кадровската поставеност, методите за работа на безбедносните служби на Република Македонија, заклучи Стоилковски

Оттука, додаде тој, постои силен сомнеж дека Павле Богоевски е лесна цел – што и се докажа со аудио материјалот објавен на интернет – да биде уценуван, поттикнат, или присилен, да сознанијата од класифицираните документи да завршат на црниот пазар! Тоа е сериозен безбедносен ризик за државата. Тоа Павле Богоевски, како човек со диплома од Факултетот за безбедност, асистент и ментор во Полициската академија, добро го знае, и се уште изненадува но и остава огромен простор за сомнеж, зошто Павле Богоевски се уште инсистира да не се повлече од функцијата – пратеник, член на Комисијата за надзор на УБК и на Агенцијата за разузнавање, но и во Комисијата за одбрана и безбедност.

Патем, за да се членува во Комисијата за надзор на УБК и Агенцијата за разузнавање, Павле Богоевски мора да поседува Безбедносен сертификат, за кој што има пополнето Безбедносен прашалник, Образец А, кој дава најголеми овластувања, а во кој што има прашање кое гласи: Дали користите или сте користеле наркотици или психотропни супстанции. За точноста на одговорите во тој прашалник се гарантира со целосна морална, материјална и кривична одговорност. Колку и да сака да се забошоти случајот, власта мора сериозно да пристапи кон аферата Богоевски. Се спротивно води кон сериозно намерно рушење на безбедносниот систем во Република Македонија, заклучи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните