(ВИДЕО) Стоилковски: Ова е гасна комора! Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба

Од:

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Мерните станици не работат, работи само една, погледнете ги вредностите! Во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.

Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух.

Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици.

Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица!

Зад мене се кулите „Џевахир“ 4-те кои што се гледаат од секаде во Скопје, и би требало да се гледаат од секаде во Скопје, но гледаме дека од оддалеченост од 50-тина метри ние не ги гледаме.

Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро – Ајро, воздух нема“ а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто!

Не е ништо поразлично ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење.

Бараме, Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата.

Се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”