(ВИДЕО) Стоилковски: Одговорноста за движењето и за бегството на Груевски е во власта

Од:

„И аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски добро знаеја дека Никола Груевски не се крие во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и сепак одлучија да прават евтин театар за јавноста вознемирувајќи членови и активисти на партијата со претреси и притисоци.

Одговорноста за движењето, за методите и за начинот на бегството на Никола Груевски е во власта, кај аболицираниот криминалец Зоран Заев и кај неговиот одговорен министер за прогон и терор, Оливер Спасовски. Со овој случај, и со менаџирањето на политичкиот прогон, Заев и Спасовски го допреа дното. Двајцата мора да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирање на институциите и разорувањето на Република Македонија“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски мора да престанат да ја лажат јавноста. Тие во рацете ја држат целата безбедност и во такви услови велат дека не знаеле за движењето на Никола Груевски? Груевски е човекот против кого и со години тие водеа политичка хајка, фрлаа со дрва и камења и го третираа и го третираат како државен непријател број еден и сега сакаат да кажат дека не знаеле каде бил, каде се движел, на кој начин им избегал?

Го злоупотребуваат бегството, го прикриваат својот дебакл со лажно вперување на прстот кон ВМРО-ДПМНЕ. Ги впрегнаа институциите и во политичкиот прогон во полна смисла на зборот притвораат лица кои редовно ги исполнуваа обврските кон судот. Овие притворања се политичка казна, а не правна санкција. Ова е уште една злоупотреба на институциите за нивни политички цели.

Оваа власт го донесе најцрното време на Република Македонија, црно време во кое се монтираат случаи од киднапирани институции. Криминогената хунта ја киднапира држава, го одзеде достоинството на граѓаните, менува име, Устав, идентитет менуваат. Ја претворија Република Македонија во држава на нерасчистени убиства, економска девастација, комплетна партизација, корупциски скандали и недопирливи функционери.

Политичката хајка организирана од Заев и Спасовски не е само прогон против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е прогон против критичката мисла, напад врз слободата. А, ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и на критичката мисла. Тврдина на народот кој што ја сака оваа земја.

Разорувањето на Македонија мора да сопре. Спасовски и Заев го допреа дното. Колку повеќе притискате толку повеќе губите, а ќе паднете, ќе паднете многу брзо“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода