(ВИДЕО) Стоилковски: Одговорност за обидот за линч на Јанакиески и Ристовски мора да има

Од:

„Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски мора да има. И кривична и политичка.

Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели.

Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери.

Ова е обид да се забошоти случајот.

Повторно прашуваме кој го нарача линчот и кој даде наредба после нападот врз Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Јанакиески? Зошто нема снимки од нападот?

Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите кои пристигаат од членови и поддржувачи на Кумановската терористичка група преку социјалните медиуми.

Во сценариото изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот. МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата.

Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има! Прво на претседателските а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира